Како збогатување на понудата за забава и рекреација на гостите и туристите во Охрид шест плажи добија понтонски пластични мостови. Платформите се наменети за подобар пристап и вкотвување на лесни пловни објекти - чамци, глисери и скутери, и за забава на капачите. Со мала свеченост на плажата "Потпеш" главниот извршен директор на Т-Мобиле Македонија, Жарко Луковски, викендов официјално ги пушти во употреба платформите. Тој се надева дека со оваа акција ќе се придонесе во поглед на квалитетот на услугите што им ги нуди Охрид на туристите во престојната сезона. Т- Мобиле Македонија како социјално одговорна компанија уште еднаш сака да даде придонос за престојната сезона, да го украси и да му даде еден белег на Охрид. Брендиравме вкупно шест плажи на Охридското Езеро. На шест пристапни места направивме понтонски пластични мостови за сигурност и убавина на крајбрежјето, за зачувување на околината и непречено и контролирано пристапување на чамците и скутерите.
Како збогатување на понудата за забава и рекреација на гостите и туристите во Охрид шест плажи добија понтонски пластични мостови.
Платформите се наменети за подобар пристап и вкотвување на лесни пловни објекти - чамци, глисери и скутери, и за забава на капачите.
Со мала свеченост на плажата "Потпеш" главниот извршен директор на Т-Мобиле Македонија, Жарко Луковски, викендов официјално ги пушти во употреба платформите. Тој се надева дека со оваа акција ќе се придонесе во поглед на квалитетот на услугите што им ги нуди Охрид на туристите во престојната сезона.
- Т- Мобиле Македонија како социјално одговорна компанија уште еднаш сака да даде придонос за престојната сезона, да го украси и да му даде еден белег на Охрид. Брендиравме вкупно шест плажи на Охридското Езеро. На шест пристапни места направивме понтонски пластични мостови за сигурност и убавина на крајбрежјето, за зачувување на околината и непречено и контролирано пристапување на чамците и скутерите - изјави Луковски.
Платформите се поставени на плажите "Потпеш", "Немо", "Кадмо", пред хотел "Тино", пред ресторанот "Рибар и Вила Милан" во Трпејца и пред ресторанот "Марија Блаж" во Радожда. На истите овие локации, рекреативците и туристите ќе можат да се приклучат на интернет, со што ќе им биде овозможено бесплатно и неограничено да се информираат за најновите случувања.